Македонија

Мајката на убиената Вања: Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината

Несфатливо ми е како и зошто моето прекрасно девојче е во гроб, сега важно ми е да ја знам вистината, вели мајката на Вања Ѓорчевска која беше убиена во атарот на селото Бразда, Зорица, за српска „Република“. Оваа е нејзина прва изјава по смртта на девојчето.

– Не можам да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол. Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа, истакнува таа.

Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но разведени веќе пет години.

ПОВЕЌЕ НА РЕПУБЛИКА

 

Поврзани вести

Back to top button