Мајка со деца од Македонија снимена во Сирија: Државата да ни помогне тука не можеме повеќе да седиме (ВИДЕО)
Aлбанската телевизија А2 вчера престојуваше во сирискиот камп Ал-Хол од каде објави и репортажа, а во неа се најде и жена од Македонија во кампот која бара помош од државата.
-Јас сум Ревајет Шахини од Македонија. Шест години сум тука. Имам шест деца. Ја повикувам државата да нè земе бидејќи тука не можеме повеќе да седиме, опасно е, вели за телевизијата Албанката од Македонија.
Според сознанијата на оваа телевизија, илјадници луѓе престојуваат во Ал-Хол. Жителите сметаат дека тоа е повеќе од камп, односно дека тоа е еден огромен затвор каде семејствата на борците на Исламска држава се заробени, изолирани и присилени да живеат во шатори, па им треба помош. Условите за живот се нечовечки. Опасноста е постојана.
Друга Албанка од Тирана тврди дека во кампот Ал-Хол има помалку од 20 албански семејства и таа исто така ја повикува државата да ѝ помогне, заедно со сите други семејства од Албанија да се вратат дома.