Мајка го оставила како бебе во контејнер, а денес е милионер!
Фреди Фигерс (30) е роден во градот Квинси, Флорида, САД и како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре. Неговата мајка буквално го фрлила на буниште само неколку часа по неговото раѓање, но тој од сето тоа излегол многу посилен, а денес е извршен директор на компанија вредна 62 милина долари.
Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле кога тој бил стар само два дена, а својата фирма Фигерс комјуникејшн, Фреди ја основал додека бил тинејџер.
Освен тоа, тој е сопственик на четири патенти, а со технологија се занимава од дете. Кога имал девет години, сосем самостојно, го поправил својот прв калкулатор. На 12 години веќе имал вештини на техничар, а три години подоцна ја основал и фирмата.
Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Ал*хајмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.
На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа…
Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.