Живот

Магично семе кое лекува рак и прави чуда во нашиот организам!

Иако однеодамна слушнавте за него тоа постои веќе неколку илјади години. Семето поради својата вредност е користено дури и како валута.

magicno sme

ЧИА семето содржи омега масти, протеини, антиоксиданти и диетални влакна. Има блага арома како орев, а бидејќи ја впива течноста , идеално е за хидратација и чувство на ситост која ќе трае со часови.

Маите и Инките со голема почит се однесувале кон ова мало но хранливо семе. Всушност ЧИА е збор на Маите која значи „сила“. Ќе најдете многу сила во Чиа семките, кои содржат премногу хранливи материи

Чиа семето е одличен извор на здрави есенцијални масни киселини-содржи осум пати повеќе омега 3-масни киселини од лосос! Чиа семето содржи и Омега 6 масни киселини, антиоксиданси (само еден грам Чиа семе е побогато со антиоксиданси дури четири пати повеќе од свежи боровници) и протеини кои се и тоа како важни за вашето здравје.

Студиите покажале дека конзумирањето на Чиа семето исто така влијае на здравјето на косата и ноктите еднакво на фактот дека Чиа е голем извор на протеини (20%).

Чиа семенките се исто така извор на најлесно сварливи билни протеини, одличен извор се на диетални влакна, богати се со витамини, минерали, аминокиселини, и антиокисаданси. Чиа семето е одлично за регенерација на кожата но и за согорување на масти, го зајакнуваат организмот и позитивно влијаат на органите за варење.

Нутриционистите се сложуваат дека чиа семето е едно од најдобрите кои можете да ги конзумирате доколку се чувствувате слабо, без енергија, бидејќи влијае на работата на мускулите и ја ослободува енергијата во вашето тело па често го користат спортистите. Ова семе содржи и 37% прехрамбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата.

Диетата, односно стриктната исхрана базирана на конзумирање на ова семе се покажала одлична во лекувањето на рак на дебелото црево, како и превенција од рак.

Чиата има супериорна способност на хидратација, протеини, и влакна кои ќе ја задржат ситоста и задоволството на организмот подолго време. Конзумирањето на чиа семенки влијае на намалување на апетитот, ја забрзува работата на метаболизмот, и го активира глукогенот кој е и тоа како важен за согорување на мастите.

Како да се користи ова магично семенце?

Семките одлично може да се употребуваат при подготовка на здрав ручек или ужина.

Додајте ги во салата како би го зголемиле внесот на белковини. Во житаирицте како што се рижо, гино, амарант или просо, додајте чиа семенки на крајот на готвењето и добро измешајте. Користете ги во јувки, месени работи или како смеса за пилешко и риба-наместо лебни трошки.

За десерт тука е пудинг од чиа семенки.

Измешајте ги семенките со кокосово или бадемово млеко па додајте нешто од предложеното: сушен кокос, боровници, ореви, малина, мелени бадеми, какао, јаболка, шипинки, или брусница.

Направете свој микс кој заедно со смесата ќе го оставите во ладилник 10 минути и запаметете , на кои и да било начин одлучите да ги додадете чиа семенките во вашите оброци, сигурно ќе ги збогатите вашиот организам.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button