ЗдравјеИзбор на уредникот

Лошата исхрана може да биде предизвикувач на рак

Исхраната има влијание во нашето здравје повеќе отколку што мислиме. Лошата исхрана може да биде предизвикувач на рак подеднакво исто како и алкохолот, покажаа резултатите од новите истражувања.

Во колкава мера навиките во исхраната влијаат на нашето здравје?
Научниците ова прашање го сфатија сериозно, а резултатите од истражувањата покажуваат дека лошата исхрана е заслужна за голем број од случаите на заболување од рак.

Истражувачите посебно издвоија седум причини за можни заболувања од рак: ниска количина на внесување на зеленчук и овошје, житарици и млечни производи, но и високо количество на внесување обработено и црвено месо и газирани сокови на база на шеќер.

„Ниското количество на консумирање на цели житарици се поврзува со најголемиот број случаи на заболени од рак во САД, а веднаш потоа следат недоволното внесување на млечни производи“ – изјавил д-р Занг.

Истражувачите исто така потсетуваат дека претходните студии докажале дека рак на дебелото црево директно се поврзува со внесувањето на обработено месо.

„Нашето истражување покажува дека бројот на новите случаи и тоа како се поврзува со лошата исхрана на светско ниво“ – заклучил д-р Занг.

Поврзани вести

Back to top button