Избор на уредникотМакедонија

Локален шериф: Нефи Усеини тој може да прави кривични дела без да ги издржи затворските казни (ВИДЕО)

Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција. Во Нефи и неговите постапки, судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем. Со нивна помош тој останува над законот.

Партии, пратеници, советници и градоначалници од оваа владејачка гарнитура, но и од претходните не гледаат ништо проблематично во неговото однесување.

Немаат проблем да прифатат човек со проблематично и, често насилничко однесување да тргува со гласови во нивна полза.

Исламската верска заедница, па и турската влада со него се и во деловни односи. Нефи Усеини денеска е советник и има моќ да одлучува за најголемото културно и природно богатсво.

Од 90-тите па наваму, заробениот систем е одржуван (помалку или повеќе) од сите политички партии.

Оваа приказна не портретира само еден обичен злосторник, туку и гнилиот систем кој се изгради за да стане прифатено бруталното кршење на законите.

Истражувачката репортерска лабораторија го започнува серијалот „Локални шерифи“ чија што цел е преку истражување на локалните проблеми да ги покажеме апсурдите на кои што е сведен системот кој што од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција.

Погледнете го првото видео на ИРЛ од серијалот за „Локалните шерифи“.

Поврзани вести

Back to top button