Македонија

Литијата со иконата на Богородица Скоропослушница

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Богородица Скоропослушница“, која пред една година беше донесена на дар во храмот на „Светите 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица од страна на монасите од Светогорскиот манастир Дохијар, се одржа празнична Архиерејска Литургија и Литија.

Литијата со иконата се движеше низ улиците на Струмица, а на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ беше пречекана од голем број верници и граѓани. Таму се одржа молитвословие-доксологија.

– Да одите пред иконата да се помолите и заблагодарите за секое едно добро што ни го дарува Господ и постојано да го градите тој ваш молитвен однос со Пречистата Богомајка и на тој начин Гспод Бог да ви дарува многу години и добрини во вашите животи, порача Митрополитот Пимен.

Пред присутните зборуваше и претставник на Светогорскиот манастир Дохијар, каде што се наоѓа оригиналната икона. Тој меѓу другото побара да запрат расколите во црквата и да се воспостави длабок мир.

– Нашата света соборна црква е во целиот свет и е поделена на помали помесни цркви соедниети во православна црква. Се нарекува црква оти не сме се собрале самите, туку не собрал самиот Христос Бог, рече претставникот на Светогорскиот манастир Дохијар.

Поврзани вести

Back to top button