Левица: Законот за јазици наскоро на дневен ред на Уставен суд

Објавено: вторник, 22 октомври 2019 во 23:00
Spread the love

Политичката партија Левица на Фејсбук објави дека како иницијатор за оценување на уставноста на т.н. Закон за двојазичност, доби повратен одговор од Уставниот суд на РМ дека предметот за оценување на овој пропис е во завршна фаза и очекуваме истиот, во најбрз можен рок, да биде ставен на дневен ред на седница на Уставниот суд и да биде поништен со негова мериторна одлука.
„Да потсетиме, овој контровезен закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Веницијанската комисија, беше илегално прошверцуван во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис.

Левица останува да ги користи сите институционални и вонинституционални методи на политичка борба, со цел ставање крај на ова беззаконие“, пишуваат од Левица.