Летечко такси започна со пробни летови за патниците (ВИДЕО)
Израелските власти ги започнаа првите пробни летови на такси-дронови како дел од својата Иницијатива за беспилотни летала (INDI), со цел да се овозможи превоз на патници и товар со овие авиони во иднина. Овој двегодишен пилот проект има за цел да создаде национална мрежа на дронови кои ќе се користат за превоз на патници, пишува израелски 24 Вести.
Главната цел на проектот е да се овозможи брз и ефикасен транспорт на патници и товар и да се намали метежот на патиштата низ Израел. Исто така, проектот има за цел да ги подобри комерцијалните и јавните транспортни услуги.
Министерот за транспорт Мири Регев истакна дека ова е прва иницијатива од ваков вид во светот која има широк и мултидисциплинарен пристап за тестирање на новите технологии, вклучувајќи го и транспортот на товар, а подоцна и луѓе.
Yes, we fly! This time Israel!
Our #EH216-S AAV expanded its footprint of flight demonstrations to Israel, which also marks the first autonomous #eVTOL demo flights within Israel!
A big THANK YOU to the Civil Aviation Authority of Israel, Israel National Drone Initiative,… pic.twitter.com/Bwj2Zl6NqQ— EHang (@ehang) June 5, 2023