Живот

Лепа Лукиќ низ солзи: Морав да се срамам во тие шоуа, немав друг избор

Кралицата на српската народна музика Лепа Лукиќ откри зошто морала да ја прифати понудата на продуцентската куќа и да влезе во реалните шоуа.

-Издржувам четиричлено семејство, значи, и мојата куќа и тоа семејство. Само тоа ми остана од брат ми, рекла пејачката во контактна емисија.

Лепа Лукиќ учествуваше во Големиот брат, Фарма и Парови и неколку пати излегуваше и се враќаше. Иако ниту еднаш  не победила, од хонорар заработила сосема солидно.

На нејзиното прво појавување во такво шоу реагираше српската пејачка фела, која ја осуди манипулацијата на продукцијата со жената во години. Пејачите бараа да ѝ се помогне на кутрата жена за да не се срами и да ја напушти куќата на Големиот брат.

Поврзани вести

Back to top button