Лепа Брена спрема слава, витка сарми и игра чочек со куќната помошничка (ВИДЕО)
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ го слават Аранѓеловден, а во нивниот дом на Бежанијска коса веќе се започнати подготовките. Брена и Боба се познати како добри домаќини, се води сметка за секој детал, од храна до забава.
Пејачката по серијата концерти се врати во Србија и ги засука ракавите. Познато е дека кујната е место каде што сака да престојува целото нејзино домаќинство, особено нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, кој е одличен гурман.
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ објави видео од подготовките пред слава, а пејачката танцуваше со готвачката додека ја подготвуваше сармата.
Интересен податок е тоа што Брена, според тамошните медиуми, одамна преминала од ислам во православие, и ги слави сите христијански празници, а Аранѓеловден и е од особено значење.