Живот

Лековита глина: Ги апсорбира токсините од телото и ја чисти кожата

Ќе бидете изненадени кога ќе видите што се може да излекува глината. Кога се пие, го чисти телото на отрови, а со тоа го зголемува имунитетот, а еве за што уште се користи.

glina-620x350

Глината е еден од најмоќните прочистувачи на организмот. Таа има огромна моќ на апсорција. Неверојатно ефикасно ги апсорбира токсините и ги исфрла надвор.

Каде да купите глина? Која да ја изберете?

Глината е најпожелно да се купи во билните аптеки, а може да се најде во поголеми продавници. Се произведува во форма на гранули или прав, а најлесно ќе ја најдете во прав. Постојат неколку типови на глина – зелена, црвена, жолта, сива и бела. Сепак, најчесто се користи зелената глина.

Како се користи глината?

Постои глина за внатрешна употреба, а има друга која е исклучиво за надворешна употреба за (маски за лице, мелеми). Подобро да се набави онаа која е погодна за внатрешна употреба, бидејќи неа може да ја користите за се.

Глината се пие, се меша со вода. Таа се подготвува во стаклена чаша и се меша со дрвена или пластична лажица. Во половина чаша вода, додадете една мала лажица глина. Се остава да отстои за 2-3 часа (или повеќе). Наутро на празен стомак, промешајте ја течноста и пијте. Пијте само вода (особено на почетокот), почекајте глината да падне на дното на чашата.

Консумирањето на глината не треба да трае подолго од три недели

Ефектот на глина е исклучително силен, па така телото може да реагира на него. Поради тоа, во некои случаи, може да се случи да се влоши ситуацијата неместо да се подобри. Потребно е пред се да се консултирате со лекар пред да одлучите да користите глина.

Поврзани вести

Back to top button