встралиски истражувачи објавија студија која покажува дека лекот кој обично се користи за лечење инфекции од паразити исто така може да го убие коронавирусот во лабораториски услови за помалку од 48 часа, пишува „Њузвик“.
Истражувачите од Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн откриле дека антипаразитскиот лек „Ивермецтин“ може да ја инхибира репликацијата на САРС-Ков-2, вирусот кој го предизвикува Ковид-19, покажа истражувањето објавено во петок во списанието „Antiviral Research“.
Ивермектин има широка употреба и се смета за сигурен лек. Сега мора да сфатиме дали дозата која може да се користи кај луѓето ќе биде ефикасна, тој е следниот чекор. Откривме дека дури и една доза во суштина може да ја елиминира вирусната РНК за 48 часа и дека за 24 часа може да дојде до смирување, изјави докторката која ја води студијата Кали Вагстаф.
Точниот начин на кој лекот може да го убие вирусот уште не е познат, иако Вагстаф изјави дека е многу веројатно тоа направено со пригушување на способната на клетките на домаќинот да го исчистат лекот.
Ивермектин широко се користи од 1980 за лечење вошки, шуга и некои други инфекции предизвикани од паразити. Лекот се користи и за лечење на болести на кожата.
Истражувањето е извршено со клетките на културата во лаборатории, што не значи дека сигурно ќе биде ефикасно и кај луѓето кои се заразиле со инфекцијата.