Лек против изгореници од сонце кој се наоѓа во Вашиот фрижидер
После топлите мајски празници и високите температури, сè повеќе луѓе чувствуваат болни ефекти настанати од сонцето. Истото се случува и за време на летните одмори, кога забораваме да си ја заштитиме кожата од сонцето и добиваме изгореници, кои подоцна започнуваат да се лупат.
Речиси секој има искуство со поцрвенета кожа од сонцето и знае дека наскоро следува остра болка, но за среќа Вашиот лек се наоѓа во фрижидерот. Ладното млеко е најдобриот одговор на болката од изгореници, според дерматологот од Њујорк, Џошуа Зајхнер.
Оштетувањето на кожата предизвикано од УВ зраците го зголемува ризикот од карцином на кожата, поради тоа е важно да нанесувате кремови за сончање пред да излезете на сонце. Исто така е важно доколку поминувате повеќе време на сонце, нанесувајте крем повеќе пати.
Во екстремни случаеви доколку Вашата кожа изгори на сонце, можат да се појават пликови, после кои кожата се лупи. Во тие случаеви ладното млеко ќе му помогне на кожата да се олади и да зарасне.
“Компресијата на млекото може да помогне да се смири воспалената кожа, бидејќи протеините во млекото ја смируваат кожата”, вели докторот.
Како да го употребувате млекото за да се справите со изгорениците од сонцето?
Сè што треба да направите е да ставете малку млеко во чинија и оставете го во фрижидер за да се олади и ставете ткаенина во чинијата. Кога ткаенината е потопена со млеко и кога и двете се ладни, извадете ја ткаенината и притиснете ја на изгорената кожата. Но, бидете претпазливи да не притискате многу силно, бидејќи можете да го иритирате местото и да предизвикате болка.