ЖивотИзбор на уредникот

Лажниот свет на Инстаграм (ВИДЕО)

Познато ни е дека повеќето луѓе на социјалните мрежи споделуваат идеализирана верзија од себеси, одбирајќи ја најдобрата фотографија која ја споделуваат со светот. Но, некои „инфлуенсери“ на Instagram отидоа чекор подалеку од концептот, бомбардирајќи ги нивните обожаватели со фотографии кои немаат допир со реалноста. Тој лажен свет поставува нереални стандарди за убавина, а со тоа се влијае на младите, да го посакуваат совршенството кое не постои.

Часови посветени на шминкање, позирање, употребување филтри и разубавување на фотографиите пред да бидат објавено се дел од секојдневието на овие луѓе кои во реалноста изгледаат сосема поинаку.

За среќа, постојат и такви луѓе кои не веруваат во сè што ќе видат на социјалните мрежи, па дури и ги разоткриваат туѓите лаги и измами кои доведуваат до заблуда. YouTube ѕвездата Итан Клајн објави интересно и забавно видео во кои ги разоткрива ваквите лажни ликови кои се кријат зад имиџот на славни инфлуенсери.

Поврзани вести

Back to top button