Лажна дојава за бомба во Собранието
Објавено:
вторник, 31 јануари 2017 во 12:59
Непознат граѓанин синоќа на телефонскиот број 192 пријавил дека „во Собранието на РМ ќе има бомба“, соопшти МВР.
Пријавата е евидентирана во 23 и 03 часот. За настанот е известен Одделот за антитероризам на МВР и по извршените проверки од нивна страна на 45 минути по полноќ е констатирано дека се работи за лажна пријава.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.