Кула-прочистувач: Воздухот е за 55 отсто почист во Пекинг (ВИДЕО)
Кулата работи на принципот што ги вшмукува штетните ПМ честички од воздухот, а испушта чист воздух.
Успешно тестирана кула за прочистување на воздухот во Пекинг, кинески град кој со години наназад важи за еден од најзагадените во светот. Според првичните информации воздухот во околината на кулата-прочистувач бил почист за 55 отсто од вообичаено.
Кулата е дело на холандски иноватор.
Кулата може да исчисти 30 илјади кубни метри на час со помош на патентиран слободен озон, јонска технологија и мала количина на зелена електрична енергија.
Кулата работи на принципот што ги вшмукува штетните ПМ честички од воздухот, а испушта чист воздух.
Сепак, ова не е прв пат оваа кула да се тестира. За прв пат била тестирана во холандскиот град Ротердам. Откако ги видоа резултатите, кинеските власти преку Министерството за животна средина го поставија ја поставија и во Пекинг.