Избор на уредникотМакедонија

Кујтим Фејзулаи, македонскиот државјанин кој убиваше во Виена бил припадник на „Балкански лавови“

Првата поголема терористичка акција на тн. „Балканските лавови“, теориристичко-џихадистичка мрежа, која има свои ќелии и во Македонија, а за која деновиве пишуваат италијански медиуми, бил крвавиот напад во Виена во ноември 2020 година. Тогаш Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на австриската престолнина пред да биде ликвидиран од полицијата.

Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „Балканските лавови“, пишува „Ил Темпо“, повикувајќи се на Извештај на италијанските разузнавачки служби.

Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните краци“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете. Една од нивнитте први терористички акции е токму акцијата во Виена, која ја извршил макеоднскиот државјанин.

Оваа група е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот. Главата му е на Косово и Метохија, а има ќелии и во Албанија и во Македонија.

Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември 2020 година во центарот на Виена укажа на тоа дека терористот Кујтим Фејзулај бил дел од меѓународна исламистичка мрежа, а централна улога во оваа мрежа имал германски државјанин, осуден во Хамбург во 2017 година како странски терористички борец. Фејзулај, наводно работел како службеник во обезбедувањето во болница во Виена. Во неговото досие се вели дека младиот човек со македонско потекло е израснат според исламската вера и дека тој станал „салафистички џихадистички поддржувач“.

Поврзани вести

Back to top button