ЖивотИзбор на уредникот

Крвава војна на наркокартелите за авокадо

Одлично е за исхрана, се користи и во козметиката. Авокадото последните години е во мода.

Но, тоа има и своја цена: Во Мексико во бизнисот се вклучија и наркокартелите. Го презедоа бизнисот и шират страв во цел еден регион.

Уруапад дел Прогресо, „Главниот град на авокадото“, е лоциран помеѓу брадата, кои се до хоризонтот, е прекриен со плантажи со авокадо. Стеблата се зеленеат на попладневното сонце, дури и во овие зимски денови. Во центарот на градот, што се наоѓа во централно Мексико, во кој живеат 300.000 жители, се делува многу мирно. Повозрасните луѓе разговараат на клупа пред црквата, жените со индогено потекло продаваат мали дрвени играчки. Но, таквиот мир е само привиден.

Уруапан последните години стана еден од најопасните мексикански градови. Само во 2018 година се случија 297 убиства. Тоа потсетува на воена состојба. Поголема е веројатноста дела во Уруапан ќе бидеш убиен отколку да погодиш четири бројки на лото.

Последното убиство се случи пред две недели

Силвија Мартинез ја знае точната причина за тоа. Ова не е нејзино право има, таа сака да остане анонимна. Таа е менаџерка во една голема фирма, која се занимава со извоз на авокадо и од која секој ден на пат кон САД тргнуваат десетици камиони со тоа овошје.

– Подледното убиство се случи пред две недели. Еден прекупец е пронајден мртов пред својот автомобил, објаснува Мартинез, тешко задржувајќи ги солзите.

Таа речиси секојдневно може да смета оти на нејзината врата би можел да се појави некој со автоматско оружје. Таа е родена во тој крај, и раскажува, дека некогаш било мирно.

– Но, сега наркосите ја презедоа контролата во градот. Тој што ќе им се спротивстави го убиваат, наведе таа.

Во мексиканската сојузна држава Мичоакан, во која се наоѓа и Уруапан, се одгледуваат 40 проценти од комплетното светско производство на авокадо. Најголемиот дел се извезува во САД. Во 2018 година Мексико во северниот сосед извезе авокадо во вредност од 2,7 милијарди американски долари. Еден килограм оваа овошје во Уруапан чини 1,4 долари, што се околу пет авокада. Во супермаркет од другата страна на границата цената е 1,3 долари по парче.

– Сумата пари што се врти во таа трговија беше забележана од наркокартелите. Судирот помеѓу, во моментот, најсилниот картел во Мексико, Халиско Нуеба Генерасион и картелот Лос Вијагрос одамна ескалира во Мичоакан, објаснува Хавиер Олива, политиколог од мексиканскиот Национален универзитет УНАМ.

Нивниот главен бизнис и понатаму е производство и продажба на кокаин, марихуана и различни таблети, но, според Олива, конкуренцијата е се поголема.

– Наместо како некогаш се да контролираат четирите големи картели, сега во Мексико има 250 криминални организации, наведе Олива.

Тоа значи дека борбата за територија и за нови извори на приход е се пожестока. Во тоа спаѓа кражбата на нафта, грабежи, проституција, трговија со човечки органи, рекетирање… и авокадо!

Голема побарувачка

Глобалниот апетит за новата „супрехрана“ во последните години едноставно експлодираше. Според официјалните податоци само во Германија од 2008 до 2018 година продажбата на авокадо е зголемена за петпати. Ако на Инстаграм напишете „авокадо“ ќе најдете над десет милиони постови. Експертите за исхрана го фалат големото количество на витамини во плодот, а растителните масти наводно се добри за превенција од дијабетис и мозочни удари.

„Хајп“ за авокадо почна во САД. Во 1994 година САД, Канада и Мексико потпишаа договор за слободна трговија НАФТА. Со договорот се утврдени пазарните правила на подрачјето каде живеат 500 милиони луѓе. Дотогаш авокадото беше само редок деликатес во гурманските ресторани, а потоа одеднаш можеше да се купи во секој маркет. Денес просечен Американец јади 3,2 килограми авокадо годишно.

Израел Куевас таквиот „бум“ непосредно го доживеа. Тој одгледувач на авокадо, се зелена капа на глава и негувани мустаќи, ни ја покажува својата плантажа, голема колку десет фудбалски игралишта.

– Имам неколку берби годишно, околу 600 килограми од дрво. Пред 20 години приносот беше само половина од тоа, вели 44-годишникот.

Вулканското тло и влажната клима овозможуваат поголем принос од каде било во светот. И долго време тоа се одвиваше без проблеми.

– Но, тогаш дојдоа луѓето со пиштоли. Мојот шеф мора денес да плаќа рекет, како и сите други овде, вели Куевас.

Ескалација на насилството

Сепак, во борбите на картелите за превласт се почесто страдаат и сосема невини луѓе. На почетокот од февруари во судирите помеѓу картелите во Урапан страдаа 20 луѓе за три дена, меѓу кои и деца. А, минатата недела полицијата во близина на градот пронајде јама со 24 мртви тела. Таквите вести се дел од тажното секојдневие во Мексико, земја во која од почетокот на нарковојната во 2006 година убиени се 250.000 луѓе.

Зошто државата не презема ништо против тоа?

– Локалната полиција во Мексико речиси секаде соработува со организираниот криминал, изјави еден високорангиран американски советник задолжен за тренинг на мексиканските безбедносни сили.

Не сака да го каже своето име бидејќи „поради такви информации лесно може да летне главата“. Поради долгогодишната корупција, линијата помеѓу пријателите и непријателите станаа нејасни и порозни.

Силвија Мартинез не верува дека левичарски оринетираниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор може нешто да смени. Но, од време на време се појавува Гвардија национал, новата национална гарда, наводно отпорна на корупција.

– Но, по неколку дена, војниците повторно заминуваат, вели таа.

Поврзани вести

Back to top button