Кривичен суд одлучи, Томор Морина нема да биде екстрадиран
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.
Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.
– Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.
Томор Морина, поранешен припадник на УЧК е осомничен за тешки злодела против цивили, пишува „Блиц“.
Тој наводно како дел од воената полиција на Ослбодителната војска на Косово во периодот од јануари до јуни 1999 година во општина Ѓаковица мачел и убивал српски цивили.
Тој на 24 јули беше уапсен на граничниот премин Блаце-Генерал Јанковиќ по потерница од Интерпол издадена од Србија