Ковачевски: ЕСМ ќе ги топли скопјани, субвенции за домаќинствата за струја
Во владата доцна вечерва завршив состанок и донесени се низа одлуки кои премиерот Димитар Ковачевски вечерва ги соопшти на вонредна прес конференција.
„На 15-ти октомври започнува грејната сезона. За скопјани парно ќе има, донесена е одлука за заполнување на постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно законот за енергетика на ЕСМ“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Тој се осврна и на електирчната енергија.
„80% ја субвенционираме сметка за електрична енергија за 650 домаќинства, а над 70 илјади нови компании и други правни субјекти таканаречени мали потрошувачи со промет годишен до 2 милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од бразилската“, додаде Ковачевски.
Донесена е одлука и училиштата да бидат на отворен пазар.
„Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар добива и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини“.
Премиерот апелираше граѓаните да продолжат да штедат.