МакедонијаТоп

Костадинова призна вина дека зела мито од 2 000 евра во врска со злоупотреби на ИПАРД-програмата

Помладата соработничка во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Јасмина Костадинова призна вина дека зела мито од 2 000 евра во врска со злоупотреби на ИПАРД-програмата, на денешниот почеток на судскиот процес за предметот.

Иако ја призна вината и изрази каење, Костадинова побара од судот да ѝ бидат вратени 6 000 евра. Имено, при полицискиот претрес кај неа биле запленети вкупно 8.000 евра, а таа тврди дека само 2.000 евра се поврзани со кривичното дело.

Костадинова е една од деветтемина обвинети што требало да помогнат во шемата фирма која не ги исполнувала условите да земе пари од ИПАРД-фондовите, односно од механизмот на Европската Унија за поддршка на македонското земјоделство.

Во случајот е обвинет и поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка Илија Стоилев. Првообвинет е Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, како директор на фирмата „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта. Се товари дека им дал 5.000 евра на тројца луѓе да влијаат на Стоилев кој требало да добие 50.000 евра за да стави потпис на проектот на фирмата за да добие пари од ИПАРД 3 програмата. Полицијата, според обвинението, го фатила Стоилев со првите 400 евра дадени на рака.

Инаку после случајот Европската комисија ја стопираше исплатата на 2,9 милиони евра од ИПАРД кои требаше да легнат на сметката на државата до крајот на јануари годинава. Пред два дена Министерството информираше дека конечно парите се одблокирани. Костадинова се брани од домашен притвор, а пресудата ќе ја слушне во понеделник. За останатите процесот продолжува на 11 мај.

Фото: Принтскрин

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2