Свет

„Комерсант“: Турските „Сиви волци“ можеби се поврзани со соборувањето на рускиот авион

Турските „Сиви волци“ можеби се поврзани со соборувањето на рускиот патнички авион „Ербас А321“, кој се урна над Синајскиот Полуостров на 31 октомври минатата година, тврди „Комерсант“, повикувајќи се на извор од руските тајни служби.

Во руската служба за безбедност ФСБ претпоставуваат дека зад експлозијата на рускиот авион може да стојат членови на турската радикална националистичка организација „Сиви волци” поврзани со Исламската држава кои дејствуваат во многу арапски земји, вклучувајќи го и Египет, тврди изворот, пренесува БТА.

„Комерсант“ наведува дека организацијата „Сиви волци“ настанала кон крајот на 60-тите години на минатиот век и потсетува на поврзаноста со атентатот врз папата во 1981 година.

Повторно, според тврдењата базирани на ФСБ, „Сиви волци“ учествувале во борбените дејствија во Чеченија.

Еден од лидерите на организацијата, Алпарслан Челик (32) ја презеде одговорноста за убиството на територијата на Сирија на едниот од катапултираните пилоти од соборениот руски авион од страна на Турција на 24 ноември, пишува рускиот весник.

Поврзани вести

Back to top button