Мистерии

Книгата која ја напишал самиот ѓавол: Стара е 800 години но воопшто не покажува знаци на стареење

Легендата вели дека овој средовековен ракопис настанал од пакт со ѓаволот: Јазикот во него е латински и е напишан на почетокот на 13-ти век.

“Codex Gigas”, односно “Гигантски кодекс”, познат и како “Библијата на Ѓаволот” е најголемиот, најубавиот и веројатно најчудниот ракопис… не само во Европа, туку во целиот свет. Меѓутоа, она што е уште поневеројатно во целата приказна е тоа што оваа книга не покажува знаци на стареење.
“Библијата на Ѓаволот” е толку голема и обемна што се тврди дека било потребно кожа од 160 животни за да се напише и дека се потребни двајца за да би можеле да ја дигнат. Долга е околу еден метар.

Настанала од пакт со ѓаволот

Легендата вели дека овој средовековен ракопис настанал од пактот со ѓаволот. Јазикот во него е латински и е напишан на почетокот на 13-ти век, и иако не се знае со сигурност неговото географско потекло, се верува дека станува збор за сега уништен Чешки Бенедиктински манастир во Подслажица.
Приказната вели дека ја изработил еден монах, а тоа современите испитувања и го потврдиле. Приказната исто така вели дека станува збор за монах кој бил осуден на смрт така што бил жив заѕидан, па ја изработил книгата за само една ноќ – со помош на ѓаволот.

Но современите истражувања покажуваат дека на книгата се работело најмалку три децении, најверојатно од каење поради некој реален или измислен грев.

“националната географија” тврди дека би било потребно една личност да работи пет години, ден и ноќ, непрекинато, за да би се рекреирала рачно “Codex Gigas” – без илустрациите. Ако во сето ова се вклучат и илустрациите и конечно и дневните обврски кои сите монаси во манастирите ги имаат ќе се стигне до гореспоменатата цифра од три децении.
Покрај тоа, делото покажува знаци на неверојатна униформност од почетокот до крајот – поради што и веројатно настанала легендата за тоа дека е завршена во една ноќ.

Носела пропаст и болест

Легендата вели дека “Библијата на Ѓаволот” носела пропаст и болест на сите кои ја поседувале во текот на историјата, но Националната библиотека во Стокхолм, во која се наоѓа откако Швеѓани ја украдоа од Прага за време на седумгодишната војна, се чини дека е имуна на оваа клетва.

Книгата е преполна со илустрации на ѓаволот

Во ракописот се наоѓаат и многу други, мали текстови кои се занимаваат со истерување на ѓаволот, магични формули, слики од Небескиот град и илустрации на Сатаната преку цели страни – што воедно е и причината зошто ова дело во минатото се гледало како ѓавлска работа.
Инаку, многу внимание привлекува и фактот дека страницата на која се наоѓа илустрација на ѓаволот (како и околните страници во помала мерка) изгледаат запалено, подзагорено. На ова во минатото му се придавало големо значење и било земено како доказ на работа на ѓаволот, се верувало дека самиот ѓавол е во неа и дека ја запалил, но објаснувањето е многу пологично. Всушност, оваа илустрација отсекогаш привлекувала најмногу внимание и книгата најмногу е отворена баш тука, поради што едноставно избледела од светлината за време на долгата низа векови.

Во “Codex Gigas” се наоѓа комплетната Вулгата, латинската Библија, како и пет други текстови. Се почнува со Стариот Завет, а се продолжува со “Еврејските старожини”, делот на Јосиф Флавиј, потоа “Енциклопедија на етимологија”, Исидора од Севиља, па збирка медицински дела на Хипократ, Теофил и други, конечно Новиот Завет и на крај “Бохемиска хроника” на Козме од Прага.

Поврзани вести

Back to top button