Живот

Келнерка нашла торба со 30.000 евра и ја вратила на сопственикот

Дваесетичетиригодишна келнерка во кафе бар во Апатин, пронашла торба со 30.000 евра и му ја вратила на сопственикот, објави српски „Курир”.

Човекот тргнал да купува стан во Сомбор, а застанал во кафулето да се освежи. Тој се појавил во кафулето во раните попладневни часови, се напил пијалок и брзо излегол.

„На неговото место остана црна торба, ја земав и ја оставив на шанкот, претпоставувајќи дека ќе се врати“- рекла келнерката која не сакала да се објавува нејзиното име и фотографија.

Настанот го раскажал нејзиниот колега, кој дошол на смена кога си заминал гостинот.

Поврзани вести

Back to top button