МакедонијаТоп

Ќе се менува ли македонското со туѓо население; Битиќи: Земјите од каде најверојатно ќе доаѓаат работници имаат просечна плата 200 евра

Откако имаме масовно иселување на македонските државјани кои бегаат од државата поради ниските плати, партизацијата лошото здравство, и неправедното судство, се повеќе се заговара за увоз на работници, а тоа со себе носи и промена на демографската слика на населението.

На Македонија и фалат околу десет илјади работници тврди вицепремиерот Фатмир Битиќи. Според него примарно е да се најдат работници од домашниот пазар, но призна дека веќе отворено се дебатира со стопанските комори за увоз на евтина работна сила од странство.

– Се повеќе многу компании велат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агенцијата за вработување. Затоа Владата прави план за вработување преку различна доквалификација за да се спремат тие работници за пазарот на трудот. Но дотогаш секако има потреба да се увезе работна сила затоа што миграцијата е очигледна, не само во Македонија туку во сите земји на Западен Балкан, рече Битиќи.

Вицепремиерот велии дека во Владата се разговарало со стопанските комори за оваа проблематика, се утврдило дека најмногу работници фалат во секторот градежништво и секторот хотелиерство и туризам.

– Просечната плата кај нас е 550 евра, платата во која што одат да работат нашите работници е 1100 евра. Земјите од каде најверојатно ќе доаѓаат работници во градежништво, во рударство, имаат просечна плата 200 евра и тоа е природен циклус за движење на работна сила, додаде Битиќи.

Лани сме имале 5300 работници кои што работеле во нашата земја.

Поврзани вести

Back to top button