Катастрофа: Со новите 4, сега ќе имаме повеќе министерства од Германија и Франција, немаме спорт а ќе имаме министерство
![](https://globus2.com/wp-content/uploads/2018/01/vlada.jpg)
Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства. Oсвен во Луксембург, во ниту една друга европска земја нема министерство за спорт
Србија има 21 министер. Тука се вклучени и петте вицепремиери кои истовремено раководат и со одделни министерства.
Во словенечката влада има 17 министри. Од нив еден е без ресор.
Хрватската Влада, исто така, има 17. Во Владата има четворица потпретседатели од кои тројца се први луѓе на одредени министерства.
Владата на Босна и Херцеговина има 16 министерски позиции.
Во Црна Гора 18 министри и четворица потпретседатели.
Германија со околу 80 милиони граѓани во федералната Влада има 16 министерства.
Франција има еден министер повеќе, односно 17.
Шпанија брои 22 министри. Меѓу нив се и првиот, вториот и третиот вицепремиер.
Финска има 18 министри, исто толку има и Бугарија.
Грција, пак, има 19 министри, но и пет алтернативни членови на владата.
Со последните законски измени, Македонија ќе има 20 министерства. Ова е особено чудно со оглед на фактот што сега владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ветуваше намалување на администрацијата.