Какво минато има рускиот командант Сергеј Суровикин кој ќе раководи со војувањето во Украина
Новиот руски командант Сергеј Суровикин во Украина ја покажа бруталноста само два дена по именувањето. Колегите го нарекуваат „Генерал Армагедон“ поради безмилосноста при водењето војна.
Суровикин (56) е ветеран командант и генерал на воздухопловните сили кој ја водеше руската воена кампања во Сирија во 2017 година, каде е обвинет за надгледување на бруталното бомбардирање што уништи голем дел од градот Алепо во Сирија.
Суровикин одржува добри работни односи со групата „Вагнер“, приватна воена компанија што регрутира платеници поврзана со Кремљ.
Меѓу Русите кои го поздравија назначувањето на Суровикин беа Евгениј Пригожин, основачот на „Вагнер“, и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Руски напади имаше денеска во 14 украински градови. Без струја останаа следните градови во Украина: Лавов, Житомир, Суми, Харков, Хмелницки, Полтава, Тернопил, Луцк, Рино. Во нападите загинаа 11 луѓе, а повредени се 64 луѓе.