Службениците на ФБИ и здравствените експерти веројатно биле изложени на канцерогени испарувања и прашина по нападот на 11. септември.
Терористичкиот напад на Кулите близначки во Њујорк на 11. септември го обележал светот и го променил текот на меѓународната политика. По тој ден започнала поострата борба против терористичките групи, на која се приклучиле речиси сите светски сили. ФБИ агентот Дејв ЛеВали одел на работа во Менхетн кога видел како првиот авион удира во Светскиот трговски центар, тоа ведро септемвриско утро пред 17 години.
Брзо го паркирал својот автомобил и отишол на местото на настанот, каде се обидувал да им помогне на преживеаните.
Кога првата кула се урнала, пронашол засолниште за да се заштити. Тоа што не можел да го избегне е токсичниот облак од прашина.
“Го видовме неколку часа подоцна, изгледаше како Снешко, бидејќи беше покриен со прашина од глава до пети”, рекол Грегори Ехрие, колега на овој ФБИ агент кој со него минал неколку недели пребарувајќи низ урнатините.
ЛеВали се приклучил во ФБИ во 1996. година, и тогаш почнал да ја води канцеларијата во Атланта. Во 2008. година му била дијагностицирана леукемија. Починал во мај, од друг облик на рак кој метастазирал до неговиот мозок. Имал само 53 години.
Службениците на ФБИ и здравствените експерти веројатно биле изложени на канцерогени испарувања и прашина по нападот на 11. септември.
ФБИ вели дека еден агент починал при нападот, додека 15-тина умреле од рак поради токсично испарување.
“Бин Ладен и од гроб може да дојде до нас”, рекол агентот на ФБИ Томас О’Конор, пренесува Stripes.com.
“Тоа сите нас сериозно не погодува на повеќе начини: луѓе умираат, а други се болни. Оние кои не се болни често се прашуваат – дали имам само главоболка или тоа е рак?”, рекол тој.
Околу 7.500 службени лица за итни случаи кои работеле на расчистување на подрачјето на 11. септември, имале некаков облик на рак.
Њујоршките власти велат дека повеќе од 300 пожарникари и полицајци веќе подлегнале на рак и други болести поврзани со нападот.
Повеќето од нив не носеле безбедносна опрема, бидејќи агенциите не разбирале каква опасност може да претставуваат отровните испарувања и другите материи.
Организацијата на O’Конор ги повикала агентите да се пријават за сојузниот здравствен програм кој им нуди медицински надзор и лечење.
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, истакнал дека му се крши срцето кога гледа дека има се повеќе жртви и дека тие исто така се жртви на 11. септември, но на малку поинаков начин.
Лекарите и експертите предупредуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се излечат заклучоци меѓу специфичностите на болестите и изложеноста на местата кои биле на мета на 11. септември.
Неколку истражувања покажале дека спасувачките тимови и други работници во Светскиот трговски центар повеќе биле изложени на отровни материи, па со самото тоа имаат зголемен ризик да добијат рак.
Сега гледаме дека доаѓа некој нов бран на карцином. Повеќето кои доаѓаа таму не беа заштитени од отровите во воздухот. Тие буквално вдишуваа канцерогени материјали, рекол доктор Мајкл Крејн.
Еден ФБИ агент посетил лекар во 2016. година, кога забележал крв во столицата. За неколку недели го оперирал ректумот, а било утврдено дека 11. септември е причината за неговиот здравствен проблем. Тој потоа го поттикнувал и другите колеги да се прегледаат кај лекар.
Родителите на починатите агенти минале низ напорни медицински истражувања, кога нивните најмили станале скриени жртви на терористичкиот напад. За многумина поради тешките болести немало спас.