Избор на уредникотМакедонија

Јанушев читаше вести во кој го спомна синот на Џафери, овој му возврати дека не му е до малиот прст (ВИДЕО)

Жесток вербален  инцидент се случи вчера во македонското Собрание  кој можеше да прерасне во физички помеѓу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, и претседателот на Талат Џафери.

Јанушев од собраниската говорница му читаше на премиерот Димитар Ковачевски вести кои се најактуелни во медиумите, меѓу кои беше и веста дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители.

На ова реагираше Џафери, по што дојде до меѓусебни навреди и обвинувања.

На синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан, рече Џафери.

На говорницата се врати Јанушев кој му рече: „Вести читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш“.

Препукувањето продолжи со меѓусебно обвинување на кого треба да му е срам.

„Како не ти е срам“, рече Јанушев, а Џафери му постави контра прашање: „Како тебе не ти е срам“

За да не дојде до посериозен инцидент реагираше координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.

Поврзани вести

Back to top button