Избор на уредникотСвет

Јанша: Eден од европските лидери ми рече „зошто да ги воведеме во ЕУ, кога ни се поевтини како работна сила“

Во традиционалниот предновогодишен разговор, Јанша рече дека неколку пати за време на разговорите, гледајќи што се случува на исток и на Балканот, кажал дека на ЕУ треба да и биде јасно дека проширувањето го проширува „просторот на слобода и просперитет“.

Словенија за време на своето претседавање со Советот на Европската унија успеа повторно да го воведе терминот „перспектива за членство“ во документите, наместо досегашната „европска перспектива“ за земјите од Балканот и Источна Европа, изјави денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Еден од стратешките успеси (на нашата влада) е што го вративме проширувањето на маса како еден од клучните стратешки проекти на ЕУ. Беа потребни многу дискусии“, рече Јанша во интервју за словенечката телевизија, пренесе Хина.

Во традиционалниот разговор пред Нова година, Јанша рече дека во текот на тие дискусии неколку пати, гледајќи што се случува на истокот и на Балканот, посочил дека на ЕУ треба да и биде јасно дека проширувањето го проширува „просторот на слобода и просперитет“.

Треба да се ослободиме од илузијата дека работите ќе се решат сами, а ако не се прошири ЕУ, тогаш ќе се прошири некој друг“, рече Јанша.

Премиерот на Словенија рече дека на средбите во Брисел постигнал дека документите на ЕУ наместо „европската перспектива“ на земјите кои не се членки, повторно ја вовеле „перспективата за членство“, на што, според него, се спротивставиле некои од старите членки на ЕУ.

„Украина или Србија имаат европска перспектива бидејќи тие се во Европа и секогаш ќе останат таму, но тие сакаат перспектива за членство, но беше тешко да се пишува во документите и за тоа мораше да се бори“, нагласи Јанша.

Според него, еден од европските лидери, кого не сакаше да го именува, за време на дискусијата рекол „зошто да ги воведеме во ЕУ, кога ни се поевтини како работна сила“.

Јанша оцени дека кај некои стари членки „тесноградоста или националистичките интереси“ преовладуваат над визијата за слободна, мирна и обединета Европа.

„Европскиот проект сè уште не е завршен, а многу земји кои би сакале да станат членки на ЕУ сè уште не се слободни. Тој проект треба да продолжи, а проширувањето е негов важен елемент“, рече Јанша.

Поврзани вести

Back to top button