Јадете по едно јаболко секој ден и бидете здрави

Објавено: недела, 27 декември 2015 во 14:56
Spread the love

Сигурно до сега сте слушнале дека јаболкото го прочистува организмот од токсини.

jabolko

Еве како да се помине еден ден чистење на организмот со јаболко:

• За појадок штом ќе станете испијте една чаша сок од јаболко, без додаден шеќер во која ќе додадете сок од половина свежо исцеден лимон. Сокот најдобро ќе биде да се направи од свежи и органски одгледувани јаболки, се пие млак и во голтки, не одеднаш.

• По 2-3 часа, изедете цели две јаболка со се кората.

• Зa време на ручекот испијте чај направен од јаболкова кора со додаток на две лажички мед.

• По 1-2 часа повторно се јадат 2-4 цели јаболка сосе кората.

• Во попладневните часови повторно се пие една чаша природен сок од јаболко.

• За вечера, изедете чинија со топло пире од јаболка(рендани јаболка без лушпа) со додаток на 2 лажици мед.

Во текот на денот за чистење не треба да се јадат други видови на храна или пијалок, освен наведените.