Извештај од САД: Eкстремисти 15 години оперираат во северозападот на Македонија
Пет општини – четири кои се во близина на Македонската граница со Косово, се посебно ранливи од насилен екстремизам, забележува американскиот Институт за мир во најновиот специјален извештај, цитиран од 24Вести.
Повеќе од една третина од косовските борци потекнуваат од овие општини, што претставува 14 проценти од населението во земјава, се наведува во извештајот од Вашингтон.
„Долгорочна и таргетирана радикализација, регрутација и напори за мобилизација од екстремистички мрежи финансирани од странство веќе петнаесет години се примарно активни на северот на Косово и северозападот на Македонија. Овие мрежи често се предводени од локални кадри на религисти институции од блискиот исток инволвирани во ширење на ултра-конзаервативна форма на Ислам, измешан со политичка агенда.“ – се вели во Специјалниот извештај на институтот за мир на САД.
Извештајот потсетува на проценката дека илјадници борци за боиштата во странство биле регрутиртани од балканските земји од 2012 година.
„Важноста на овие бројки се состои во контекст на збирната популација во овие мали земји која се проценува на 19 милиони лица. Стапката на мобилизација во споредба со бројот на населението, посебно во Косово но и во Босна и Херцеговина и Македонија, се мошне повисоки од стапките во западноевропските земји кои се под влијание на феноменот.“
Целиот текст може да го прочитате тука