Македонија

Израснала како сираче со сестра и брат: Сега сама се грижи за 11-годишната ќерка

Ретки се децата како Белзика, кои не го сакаат снегот. Не дека не му се радува, туку поради страв дека може да им ја урне бараката, која ја нарекуваат куќа.

Кровот протекува од сите страни, а пак столбовите едвај ја држат куќата. Домаќинката Ардијана раскажува дека пред 10 години се развела од сопругот и живее со ќерката и братот, кој иако е млад се труди да заработи некоја пара.

Во фрижидерот, освен лекови нема ништо друго. И кујната е речиси празна. Јадат кога имаат храна, а кога ќе се разболат чекаат болеста да помине сама по себе, бидејќи како што велат, за нив претставува луксуз да одат на лекар.

„Кој ќе ни донесе за јадење, тоа е. Белзика повеќе е дома, отколку на училиште. Постојано е болна. Таа бара, а јас како мајка пред неа се трудам да бидам силна, но до кога?“, вели Ардијана

Белзика заспива само доколку ја гледа мајка си покрај неа. Но, на мајка ѝ Ардијана, веќе ѝ недостигаат зборови за утеха на детето.

„Бара исто како и сите деца. Ѝ велам „Ќе ти купи мама, имај трпение, сѐ се постигнува. Да најдам работа и ќе ти купам“. Ноќе додека спие ѝ стојам над глава. Од една страна лошите услови, од друга страна финансиската состојба, куќата. Многу сум очајна. Уште од моите 23 години живеам само со маки. Но си велам, во секое лошо има и добро. Со таа надеж живеам“, додава Ардијана.

Ардијана прима мала пензија од починатите родители за лечење на нејзината сестра, која е во болница со напредната фаза на Даунов синдром. Ардијана не бара многу – само нејзината ќерка да има сигурен покрив над глава.

„Би им порачала на сите, на сите добронамерни луѓе, кој има можност, не барам ништо друго, само на ќерка ми да ѝ обезбедам покрив над главата. Да ја нема таа мака“, заврши Ардијана.

Африм Јонузи за tv21.tv/mk

Лице за контакт: Ардијана Мехмеди

+389 71-913-095

Поврзани вести

Back to top button