„Изгледа како прашина, но раката ми е мокра“ – во Белград паѓа црн снег
Покрај тоа, индексот на загаденост е огромна и воздухот е презагаден според сите мерења.
Новобелграѓаните кои синоќа одлучиле да прошетаат во соседството се израдувале кога во еден момент помислиле дека паѓа снег.
Меѓутоа, романтичната слика која ја носат белите снегулки брзо била прекината откако сфатиле дека причина за радување нема.
„Не е снег, повеќе изгледа како некоја прашина, но раката ми е мокра“ – коментирале зачудените граѓани додека с еобидувале да утврдат за каква мистериозна појава станува збор.
Во последните неколку денови тој регион е прекриен со густа магла која е особено густа во ноќните часови, а видливоста е значително намалена и дишењето кај луѓето е отежнато.
Покрај тоа, индексот на загаденост на воздухот е огромен според сите мерења и е многу нездрав.
Станува збор за индустриски или пак валкан сег. Тој претставува специфична метеоролошка појава која може да се забележи кога воздухот е загаден и настанува на многу посебен начин.
„Сето тоа зависи од количината на аеросол која би “послужила“ како јадро на нуклеацијата која подоцна со помош на ладните капки од маглата и ниската облачност ќе се преточи во снегулки. Количината на аеросолта значително варира и на мали растојанија, а најголема е таму каде што воздухот е најзагаден“ – ја објасниле ова појава метеоролозите.