Свет

Итно предупредување до лекарите во Велика Британија, голем број деца со симптоми слични на корона

Лекарите во Велика Британија итно се предупредени дека се регистрирани голем број заболени деца со сериозни симптоми слични на оние што се јавуваат кај инфекциите со Ковод-19.

Првичното предупредување е издадено само на лекари во северниот дел на Лондон, но веќе е потврдено од Педијатриското здружение за интензивна нега (PICS), кое во неделата итно го испратило предупредувањето до сите лекари во земјата, пренесува Скај њуз.

Професорот Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба на Англија, оценил дека проблемот иако се третира како итна состојба, сѐ уште е премногу рано за да се поврзе со корона вирусот.

Од друга страна пак, гувернерот Крис Вит, главен медицински советник на британската влада, кажал оти постои веројатност вирусот Ковид 19 и тешката болест кај децата да се меѓусебно поврзани.

Утврдено е дека некои деца кои ги имаат симптомите имаат и позитивен наод на Ковид-19, некои од нив претходно го имале вирусот во себе, а некои пак, не.

Расте загриженоста дека воспалителниот синдром би можело да има друг, досега неидентификуван, причинител, велат од Друштвото на педијатрите.

Поврзани вести

Back to top button