Живот

Исповед на мисица: Мажите ме злоставуваа и ме плукаа в лице

Памела Роуз (24) минатата година победила на изборот за Мис на трансродни манекенки во Англија. Родена е во Сеахам, а во тинејџерските денови сфатила дека се наоѓа во погрешно тело па ја започнала својата трансформација. Кога на мажите им открила дека е машко, тие ја злоставувале.

– Запознав едно момче и работите меѓу нас течеа мазно, но кога му реков дека сум родена како машко, тој збесна. Ме плукна в лице среде кафуле. Да не бев со друштво, којзнае што ќе се случеше – рекла Памела.

Мисицата ја изгубила самодовербата и се плашела да излегува со мажи. Раскажала дека еднаш кога била во сериозна врска, нејзиното момче се срамувало и не сакало да ја претстави на пријателите.

– Ме омаловажуваше и ме газеше, но секогаш преминував преку сè, бидејќи мислев дека не можам да најдам подобар. Сега знам дека можам – рекла памела.

Дека е заробена во погрешно тело знаела од својата четврта година. Расакажала дека трчкала во маица преку главата со која имитирала долга коса. Сфатила дека е поинаква, но не знаела што да направи. Одлучила да почне да се шминка и да се облекува како девојка, а од Пол името го променила во Памела.

– Најлошо ми беше во училиштето. Децата плукаа по мене. Се плашев да одам во училиште – признаал и додала дека дури се обидела и да се убие, но ја спасила нејзината мајка Џуди. Кога првпат отишла на натпревар за убавина стасала сè до финалето. Дури тогаш на организитарите им ја открила својата тајна, а тие ја нарекле „чудовиште“.

– Јас прошетав по пистата и само се насмеав – рекла Памела. Манекенката во моментот зема хормонска терапија за што повеќе да наликува на жена и ја чека операцијата на полот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button