Свет

Исламска држава ја освојува Либија

Џихадистичката група Исламска држава во Либија располага со 5.000 борци, изјави италијанскиот министер за надворешни работ, Паоло Џентилони, цитиран од француските медиуми.

– Даеш се консолидира во Либија, рече Џентилони пред италијанскиот Сенат. „Денеска таму има 5.000 борци на Даеш, сконцентрирани во реонот на Сирт, но способни да извршуваат опасни упади и на запад и на исток.

Според француски и американски извори, ИД има меѓу три и пет илјади борци во Либија. Меѓу нив има стотици Тунижанци, Суданци, Јеменци и Нигеријци од Боко Харам, кои имаат обука во Либија и потоа заминуваат да изведуваат напади на други места, посочуваат француските медиуми.

Италија се очекува да ги предводи меѓународните сили за борба со ИД и за подобрување на безбедноста во Либија.

Џентилони пред Сенатот ги исложи условите за таквиот ангажман на Италија.

– Работиме за да можеме да одговориме на евентуалното барање на либиската Влада, под услов да се почитува Уставот и откако ќе се добие зелено светло од италијанскиот Парламент, рече министерот.

„Често пати се случува воените интервенции да не се решение, дури понекогаш можат да го усложнат проблемот. На оние кои мислат на бројноста на воените сили, им напоменувам дека Либија има шест пати поголема површина од Италија и не е лесен театар за демонстрирање мускули“, подвлече министерот.

Италија секогаш соопштувала дека ќе интервенира единствено при евентуално барање од либиската Влада на национално единство и само во операција со мандат на ОН. Неодамна таа на САД им дозволи во военовоздухопловна база на Сицилија да разместат беспилотни елтала  и подготви контингент од 50 елитни војници, кои можат во секој момент да преминат под команда на тајните служби и да бидат испратени во Либија, додадаваат француските медиуми, цитирајќи ги италијанските медиуми.

Поврзани вести

Back to top button