Бизнис

Инвестирањето во злато на крајот секогаш се исплатува

Без разлика на тоа дали се добри или не, инвеститорите во злато обично можат да сметаат на предновогодишен раст на вредноста на овој благороден метал, јавува Блумверг.

Во девет од изминатите десет години, цените на златото во периодот од 23 декември до 3 јануари секогаш растат, со просечна добивка од 2,9 отсто, според податоците на оваа њујоршка агенција.

Дури и во 2013 и 2014 година, кои беа најлоши за цената на златото во последната деценија, вредноста на овој благороден метал се зголемила во текот на предпразничниот период, пред крајот на годината.

Скокот на цената на златото на крајот на годината е резултат на тенденцијата на потрошувачите во Кина, најголемиот светски купувач на злато, да набават залихи во претпразничниот период на кинеската Лунарна нова година.

Поврзани вести

Back to top button