Инфаркт може да се спречи – телото ве предупредува преку овие симптоми
Дури 50 отсто од луѓето кои што доживеале срцев удар ги имале овие симптоми еден месец претходно.
На симптомите поголем дел од нив не посветиле внимание, а тоа за жал ги чинело живот. Сите заболувања можат да се излечат доколку слушаме што ни порачува нашето тело, затоа внимателно треба да ги набљудувате промените кои што се случуваат во телото.
Еве на кои симптоми треба да внимавате кога станува збор за вашето срце:
Умор
Кога артериите се стегаат, срцето прима помалку крв отколку што му е потребно за да работи нормално. Тоа е причината поради која што се појавува умор кај одредени луѓе.
Губење здив
Кога срцето добива помалку крв тоа значи и дека белите дробови добиваат помалку кислорот од нормалното. Докoлку забележите некакви проблеми со вашето дишење, тогаш треба да го проверите вашето срце.
Слабост
Доколку телото ослабне или пак чувствувате слабост, тоа е поради тоа што артериите станале тесни и не дозволуваат крвта да циркулира нормално. Тогаш мускулите не добиваат тоа што им е потребно и може да дојде до инфаркт.
Вртоглавица и ладна пот
Слабата циркулација е виновна и за тоа што протокот во крвта на мозокот е ограничен, а тоа е многу опасно по вашиот живот. Во таков случај ќе почувствувате вртоглавица и потење – не игнорирајте ги тие знаци.
Притисок во градите
Доколку имате рани симптоми на срцев удар веројатно ќе почувствувате и немир во вашите гради, помала болка или пак зголемен крвен притисок. Доколку таквата болка се појавува често, задолжително посетете доктор.
Симптом на грип или настинка
Доколку се чувствувате како да имате симптоми на грип или настинка, тогаш може да станува збор и за најава на срцев удар во блиска иднина. Многу од луѓето кои што доживеале срцев удар подоцна изјавиле дека претходно имале такви симптоми – кашлица или пак грозница.
Мачнини и губење на апетитот
Чувството на мачнини, слабост во желудникот и повраќање не се ретки кога станува збор за срцев удар.
Извор: Убавина и здравје