Uncategorized

Има 145 години, погребал 4 жени и сите свои деца (видео)

Мбах Готхо од Индонезија тврди дека е најстариот човек на светот. Според документите кои во Индонезија ги признаваат како автентични, овој човек има 145 години, а роден е во 1870 година.

Ги погребал своите десет браќа и сестри, четири сопруги, од кои последната преминала во 1988 година. Преминале и неговите деца, а за него сега се грижат неговите внуци, правнуцу и чукунвнуци.

Сега имам само една желба – сакам да умрам – рекол Мбах.

Неговиот внук рекол дека тој се подготвува за смрт уште од кога имал 122 години.

На прашањето што е тајната на долговечноста, тој рекол трпението.

Поврзани вести

Back to top button