Им оставил бакшиш на келнерите бидејќи владее криза поради коронавирусот, се шокирале кога го виделе износот
Еден муштерија им оставил неверојатен бакшиш на келнерите во ресторан во Тексас за да им помогне во загубите што ги имаат за време на пандемијата на коронавирусот.
Неименуваниот човек оставил порака на сметката што уредно ја платил и оставил бакшиш од 8.700 евра.
„Исплатете ги вашите момчиња за следните неколку недели“, напишал тој на сметката.
Според Луис Галван, сопственик на ресторанот „Ирма саутвест“ во Хјустон, неочекуваниот бакшиш дошол од редовен муштерија, кој веќе 15 години доаѓал во ресторанот.
„Тој беше во ресторанот и нарача вообичаена скромна вечера. По тоа, тој остави над 8.700 долари бакшиш“, изјави Галван за „Фокс њуз“.
Клиентот бил во ресторанот во истиот момент кога имало приказни на телевизија за тоа како рестораните и кафулињата биле под притисок да се затворат поради пандемијата на коронавирусот.
„Имам чувство дека тој дојде тука само за да даде бакшиш. Сите беа во шок, а ние планираме да ги потрошиме парите точно како што ни кажа муштеријата. Овие пари ќе ги поделиме меѓу вработените, а не меѓу менаџментот“, рече сопственикот на ресторанот.