Македонија

Илјадници верници ја пречекаа чудотворната икона

Чудотворната икона на Богородица Скоропослушница пристигна во Струмица.

Во чест на големиот настан од страна на Струмичката епархија беше организиран голем побожен пречек на кој присуствуваа неколку илјади верници од целата држава.

Иконата на Богородица Скоропослушница е копија на нејзиниот оригинал кој што се чува во светата обител на Светите Архангели, односно манастирот Дохијар на Света Гора.

Струмица ја добива како подарок и  по иницијатива на братството од  манастирот и со благослов на старецот на манастирот високопреподобниот отец Григориј.

За верниците кои дојдоа да је пречекаат иконата, нејзиното доаѓање во Струмица претставува голем настан и голема радост, не само за Струмица туку за сите верници во Македонија.

После побожниот пречек со благослов на Митрополитот Струмички господин Наум беше формирана свечена литија.

Литијата на чело со иконата, владиците, монаштвото и свештениците и народот  низ централните улици на Струмица се упати кон храмот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици каде што ќе биде вечниот престој на иконата.

Таму таа  ќе биде изложена на поклонување и на целивање на верниот народ.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Поврзани вести

Back to top button