Избор на уредникотСвет

Илјадници Албанци ќе бидат протерани од Велика Британија

Проблемот со албанските мигранти во Велика Британија веќе подолго време ја преокупира тамошната јавност, па британската Влада презеде сет мерки за негово решавање. Британскиот премиер Риши Сунак соопшти дека владата ќе депортира илјадници Албанци во наредните месеци, кои претставуваат околу една третина (13.000) од мигрантите кои пристигнаа во Британија оваа година, со мали чамци преку Ла Манш.

Премиерот Сунак го објави договорот со Албанија кој предвидува забрзана обработка на барањата за азил и масовна депортација на оние кои се одбиени, како дел од големиот пакет мерки за борба против илегалната имиграција.

– Ќе бидеме цврсти, но фер, рече тој во парламентот.

Меѓу мерките што ги најави Сунак е и испраќањето британски полицајци на аеродромот во Тирана, подигнувањето на прагот според кој барателот на азил се смета за жртва на модерното ропство, како и уверувањето од албанската влада дека жртвите ќе бидат заштитени.

Сунак нагласи дека Албанија е „безбедна“ земја и дека со најавените измени, огромното мнозинство албански барања за азил едноставно ќе бидат прогласени за „очигледно неосновани“.

Поврзани вести

Back to top button