Избор на уредникотМакедонија

ИЛИЕВСКИ: Зекири незаконски завршил факултет, „дипломирал“ во 2001 година кога Штулов е и основан!

Генералниот секретар на владата, Мухамед Зекири незаконски завршил факултет, вели просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски за „Што не е јасно“ со Искра Коровешовска на Алфа телевизија, потенцирајќи дека новинарите не смеат да испитаат, а државниот инспекторат молчи за сето тоа.

Илиевски вели дека основното образование на Зекири како и средното кое е верско односно медреса не се спорни, но спорниот дело со неговото образование почнува од факултет, и тоа од две причини. Правата е како што вели што Зекири завршил факултет истата година кога е основан факултетот.

– Во неговата биографија стои дека дипломирал во 2001, а во таа година е формиран универзитетот. Првиот студент кој завршил на Штулов е во 2004 година, според податоците од одговорните на Штулов, кои ми кажаа дека Зекири се запишал во 2008 година, а завршил во 2013/14, но ако е така мора да го имаат во главната книга на дипломирано, податок кој го кријат и не го покажуваат и тука е сомнежот, потенцира Илиевски.

Тој додава дека втората работа е дека Зекири не смеел да се запише на ваков факултет бидејќи од средно верско училиште можат да се запишат на повисок степен само на соодветниот факултет во случајов Исламски, но не можат на други факултети.

– Станува збор за функционер кому кум му е Зоран Заев, и сето тоа се знае. Криминалното досие на Зекири. Кога новинари бараа од него да се испита ова, тој не дава одговор и се се замолчува, а молчи и државниот просветен инспекторат. Ова е незаконско завршување на факултет, нагласи Илиевски.

Поврзани вести

Back to top button