Свет
ИД планирала да го киднапира премиерот на Малезија, заговорот бил осуетен
Полицијата во Малезија осуетила заговор на ИД да го киднапира премиерот Наџиб Разак и други министри минатата година, изјави заменикот премиер.
Ахмад Захид Хамиди кој е и министер за внатрешни работи, изјави денеска дека џихадистите планирале и напади во Путраџаја, каде за извршување биле подготвени експлозиви.
– На 30 јануари лани, 13 членови на ИД планирале да го киднапираат премиерот на државата, министрите за внатрешни и надворешни работи, изјави Хамиди.