Македонија
Хуманитарна акција во Гостивар по сторијата за семејството Јосифоски на „Телма“
По објавувањето на сторијата за гостиварското семејство Јосифоски кое живее во бедни услови без довопно храна пари и облека, денеска на градскиот плоштад беше организирана хуманитарна за акција за помош на семејството. Беа собрани пари, пакети со храна и прехранбени производи и средства за хигиена, кои веднаш им беа доставени на семејството.
Од иницијативнит одбор за помош на семејството се задоволни од одзивот и хуманоста на граѓаните. Оттаму сметаат дека за проблемот со сиромаштијата и гладните граѓани се потребни посериозни мерки кои треба да ги преземе државата.
ВИДЕО НА ТЕЛМА