Живот
Хуман гест на Роси: Пехарот од Херез го подари на болно дете
Италијанецот Валентино Роси го исполни своето ветување, откако трофејот освоен минатата неделан на трката за Големата награда на Шпанија возена во Херез, го подари на еден свој навивач.
Вредната награда ја доби момче по име Лоренцо кој во моментот е на лечење, на онколошкото оделение во болница во Парма. Имено, Роси пред трката во Шпанија на Лоренцо му ветил дека доколку триумфира во Херез, пехарот ќе биде негов, што и се случи.
„Докторот“ не можеше да дојде во Парма, но Флавио Фратеси во име на официјалниот фан клуб на легендарниот Италијанец, му го предаде пехарот на момчето. Исто така подарок добиле и останатите деца на одделението, кои биле дарувани со блузи и капи со потписот на Валентино.