ЖивотИзбор на уредникот

Хит свадба која го ,,paздpма” цел Балкан (ВИДЕО)

Браво за нашите соседи браќата Срби. Свадбата која стана хит на интернет, а има и зошто. Приклучувањето на невестата го достигна врвот на оваа свадба, но браво и за сите кои беа присутни и се забавуваа.

Видеото можете да го погледнете најдолу.

Балканците се познати како страсни играорци и пејачи. Топли луѓе кои знаат да извадат пијалок и мезе на маса, да пуштат музика и да се веселат до зори.

Правилото во поранешна Југославија гласеше отприлика вака:

Во Босна немој да пееш, во Србија немој да играш, а во Македонија немој ниту да пееш, ниту да играш, бидејќи Македонците тоа најдобро го прават.

На социјалните мрежи се споделува видео од свадба во Србија во кое најдобро е прикажано тоа што погоре го напишавме. Прво, група на момци играорци се фатија за раце и го почнаа колото, толку вешто, што девојките не можеа да издржат и веднаш им се придружија.

И тогаш се случи магијата. Во колото се приклучија и девојките, но и невестата која покажа извонредни играчки квалитети.

Токму во моментот кога таа се фати на орото, задоволството кај присутните гости достигна кулминација.

Убавина е да се види, младост, радост и зачувување на нашата традиција и музичка култура! Добри деца, не се срамат од нашата традиционална музика, напиша Гордана во коментар под видеото.

Поздрав наши браќа Срби од Бугарија. Ова што вие го направивте, на запад може само да го сонуваат. Ова е вистинска свадба, а нивните културни и стерилни веселби, во кои гостите седат со телефони во раце.

Девојки и момци ме расплакавте. Го гледам видеото од далечната Америка и солзи ми се тркалаат по образите од среќа.

Децата ме прашуваат мамо што ти е, а јас не знам што да им кажам. Како да им објаснам дека плачам од среќа, напиша Виолета од Чикаго.

Честитки дојдоа и од Македонија, Хрватска, Црна Гора и од сите европски и прекуокенаски земји каде што живеат луѓе од поранешните југословенски републики, кои се сега самостојни држави.

Видеото на социјалните мрежи има скоро два милиони прегледи. Вакви и слични видеа можат да се видат и од македонските свадби.

Впрочем, ние неодамна на порталот Галама пишуваа за Ивица Челик Атанасовски кој прави дар-мар со неговиот тапан по македонските свадби.

Вакви сцени кои ги разгоруваат патриотските чувства има и на веселбите кои нашинците ги организираат по повод некои празници во Америка, Австралија, западно европските земји.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Поврзани вести

Back to top button