Македонија

Хан очекува решениe за името во наредните две недели – Заев вели дека не верува

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекува прашањето за името меѓу Македонија и Грција да биде решено во наредните 15 дена.

– Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе биде најдено решение за името или барем решение што ќе го отвори патот за почнување на пристапните преговори со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласни оти тоа би било корисно за земјата и за целиот регион на Западен Балкан,  рече Хан пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, објави ИБНА (Независната балканска новинска агенција).

Хан посочи дека Македонија успешно ја надминала длабоката политичка криза и направила прогрес во спроведувањето на реформите и воспоставуањето добрососедски односи, но предупреди дека останува уште многу да се сработи, пренесе МИА.

За тазлика од него Премиерот Зоран Заев вели дека не верува дека прашањето за името ќе се реши за две недели, како што тоа го најави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
– Комесарот Хан е голем пријател и дај боже да има некоја информација дека ќе завршиме за две недели, но не верувам во тоа – изјави премиерот.

Тој рече дека утре ќе се сретнат министрите за надворешни работи на Македонија и Грција и со оглед на тоа што тој знае за што ќе се разговара, решението е блиску и ќе биде за неколку недели, но не за две.

– Јас очекувам да направеме максимални напори до седницата на Советот на Европската Унија, поканата за НАТО е автоматска, убаво е за две недели да го решиме проблемот што ќе значи дека за три недели ќе започнеме нашиот влез во НАТО – вели премиерот.

Поврзани вести

Back to top button